Прво место на Државниот натпревар по ораторство за студентка на Правен факултет

Prvo-mesto-na-Drzavniot-natprevar-po-oratorstvo-za-studentka-na-Praven-fakultet.jpg

Прво место на Државниот натпревар по ораторство за студентка на Правен факултет

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа (9 мај), на Американ колеџот во Скопје, во организација на Европското движење на РМ, се одржа традиционалниот меѓууниверзитетски Државен натпревар по ораторство на тема „Студентска порака до Европа“.

Студентката на Правен факултет Елена Орцева го освои првото место во натпреварувачкиот дел од манифестацијата. На настанот учествуваа студенти од скоро сите државни и приватни високообразовни институции. По свеченото доделување на наградата од страна на стручната жири-комисија, вечерва студентката на УГД Елена Орцева ќе говори и на завршната церемонија по повод Денот на Европа, на која ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Ова е трет пат во досегашната историја студент на Правен факултет при УГД да победи на овој престижен натпревар по јавно говорење. Студентите кои настапија на студентската дебата и ораторскиот натпревар беа менторирани од страна на доц. д-р Димитар Апасиев од Катедрата за граѓанско право на Правен факултет во Штип.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail