Прво онлајн издание на „Галичник филм фестивал“

Prvo-onlajn-izdanie-na-Galichnik-film-festival.png

Прво онлајн издание на „Галичник филм фестивал“

о официјална селекција од 50 краткометражни филмови од цел свет, првото издание на „Галичник филм фестивал“ ќе се  одржи онлајн од 28 до 30 август.

Бесплатното издание засега во своите категории ќе прикажува играни краткометражни филмови, документарни краткометражни филмови и анимирани краткометражни филмови.

Неколку светски премиери, но и наслови со учества на Филмскиот фествал во Венеција, Фестивалот за краткометражни филмвови во Палм Спрингс, „Интернационалниот филмски фестивал во Торонто“, „Берлинале“, „Санденс“, „ИДФА“, Сараевскиот филмски фестивал, преку „Галичник филм фестивал“ ќе се достапни и за македонската публика.

Филмовите претставени во програмата ќе може бесплатно да се проследат преку профилите на „Cinesquare“.

Во рамки на програмата на фестивалот ќе се одржи работилница за развој на сценарио за долгометражен филм со Франц Роденкирхен и Франсоа Вон Рој Солас.

На отврениот повик за учество на автори од регионот избрани биле четири проекти.

Програмата на „Галичник филм фестивал“,  годинава ќе се одвива целосно онлајн, а идното издание на фестивалот се планира во Галичник, со проекции под отворено небо.

Извор: vistina.com.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail