Првородените деца се поинтелигентни од другите

Sizce-Hangi-Ya-ta-Hangi-Zeka-Bask-n-Oluyor-640x426.jpg

Според една нова студија од Универзитетот во Лајпциг првородените бебиња имаат повисок коефициент на интелигенција од нивните помлади браќа и сестри. Студијата покажува дека вниманието кое го добиваат од родителите исто така е од голема важност за коефициентот на интелигенција.

Констатирано е дека разликите во интелегенцијата не произлегуваат од биолошки фактори, туку поради влијанието на образованието и животната средина.

Студијата проценува пад од 1,5 IQ бодови по дете. Сепак, во семејства со по две деца не е правило дека најголемото дете ќе оствари и најголем IQ туку тоа поседува 60% шанси за поголем коефициент на интелигенција. Според тоа помладите имаат големи шанси да ги претекнат своите постари браќа и сестри.

Покрај зголемената интелигенција првородените деца исто така покажуваат и поголема перцепција на својата сила.

Податоците кои се користени во истражувањето се преземени од три национални студии и се состојат од тестови за интелигенција и особини вклучувајќи и студија од Велика Британија со 20.000 испитаници.

„Една теорија е тоа дека секое следно родено дете ги ‘разредува’ родителските ресурси за внимание”-вели д-р Џулија Рорер за „Daily Mail“.

„Додека првите бебиња уживаат целосна родителска грижа, барем за одреден период, последователните деца ги делат истите ресурси од самиот почеток”.

„Дополнителниот фактор е опишан во хипотезата за подучувањето, која тврди дека првороденото дете ги подучува своите помлади браќа и сестри со тоа што им објаснува како функционира светот и слично”.

„За подучување се потребни високи когнитивни способности – децата кои ги подучуваат другите треба да се потсетат на своето знаење, потоа да го структурираат и смислат начин на кој ќе им го презентираат на своите браќа и сестри, што е додатен импулс за развој на интелигенција кај децата” – заклучува д-р Рорер.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail