Денес навечер од Евроазија и поголемиот дел од Африка ќе може да се следи целиот тек на Месечевиот премин низ Земјината полусенка.

Оваа појава не може да се набљудува со голо око туку со посебни инструменти и секако само доколку времето биде ведро, изјавиле од Астрономското друштво „Руџер Бошковиќ“.

Почетокот на помрачувањето ќе биде во 18:08 часот, средината во 20:10, а крајот во 22:12 часот.

Земјата е ладно тело. Засјаена од Сонцето таа има конусна сенка. Од сенката Сонцето не се гледа. Околу сенката се наоѓа полусенка од која набљудувачот гледа само дел од Сонцето и тоа сè поголем како што повеќе се приближува работ на полусенката.

Народни верувања
Нашиот народ верува дека полната Месечина во текот на која се случува помрачувањето, не е поволно за започнување на нова работа. Доколку се исечат дрвја на полна Месечина, дрвата повеќе ќе се уништуваат, доколку се заколе стока месото брзо ќе скапа, а доколку перете алишта набрзо истите ќе се скинат… Набљудувањето на помрачување на Месечината не смее да се остварува директно затоа што тоа може да предизвика несреќа.

Наместо тоа, нашите баби ќе кажат дека треба да земеме една чинија, да ја наполнеме со вода и да го “уловиме“ одразот на месечината како во огледало.

Се верува дека бремените жени не треба да го допираат стомакот во текот на помрачувањето на месечината за детето да нема некој белег кога ќе се роди, а доколку бремената жена излезе надвор тогаш детето може да се роди со некаков деформитет.

Интересно е што оваа година од Земјата ќе можат да се набљудуваат четири помрачувања на Месечината, а тие ќе се случат на 10-ти јануари, 5-ти јуни, 5-ти јули и 30-ти ноември.

извор: точка.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail