Првпат во историјата на човештвото: Маж роди дете! ФОТО

maz.jpg

Роден е малиот Лео, првото дете во историјата на човештвото кое на свет низ регуларна бременоста го донесе – маж!

Иако ова звучи како заплет на еден од најлошите филмски остварување на Арнолд Шварценегер, „Јуниор“ од 1994 година, станува збор за вистинска случка, а двајцата татковци се пресреќни поради новороденото бебе.

Станува збор за транссексуалецот Тристан Рис кој детето го добил на 14 јули оваа година со партнерот Биф Чеплоу. Тристан е трансродна личност. Роден е како женско, а уште пред една деценија започнал со хормонска терапија. Иако има машки карактеристики – нема гради и носи цврста, мажевна брада, Тристан, сепак, ги задржал клучните женски „делови“ како матката, па на тој начин можел да забремени и да донесе дете на свет.

Нивната приказна во краток рок го обиколи светот, а тие самите истакнуваат дека нивниот пример е историски.

– Ако некој повторно ви каже дека маж не може да роди, само покажете му ја оваа снимка – велат пресреќните родители.

Пишуваат статии за родителството

Тристан и Биф се заедно веќе долга низа години, а извесно време и родители, бидејќи ги посвоиле внукот и внуката. Но, Лео е нивното прво биолошко дете.
Како што се наведува на нивната веб страница, Биф Чеплоу е социјален работник. Порано работел со поранешни бездомници, а сега се занимава со лица со ментални проблеми. Тристан, пак, исто така е стручњак за социјални прашања. Откако станале родители, им помагаат на другите трансродни, транссексуални, но и на хетеросексуални родители преку серии статии кои ги пишуваат за родителите.

Бременоста на Тристан извесно време ја чувале во тајност, но потоа одлучиле да ја споделат веста со светот, а информацијата, очекувано, предизвикала страшен интерес во најважните светски медиуми.

Сега кога малиот Лео е роден, неполни 24 часа по првото машко породување во историјата, младата двојка се обратила во јавноста со видео во кое целото семејство заедно. Со гордост исткануваат дека детето е многу здраво и прекрасно.

– Немам проблем со тоа што сум транссексуалец. Всушност, тоа на некој начин ми е супер. Никогаш не сум сакал моето тело да биде поинакво. Всушност, не дека не ми се допаѓаше да бидам жина, само што не се чувствував како жена. Не бев жена во својата внатрешност – ја објаснил Тристан својата одлука за да се подложи на хормонска терапија.

Многумина се прашуваат дали толку силни хормони можеле на кој било начин да влијаат на развојот на детето, но двојката истакнува дека малиот Лео е со совршено здравје и добро се развива.

Придружете ни се Facebook >

Подготви: К. А.

Daddy: A transgender man named Trystan Reese, 34, gave birth to a healthy baby boy this month

Joy: Little Leo was born two weeks ago with a clean bill of health

Happy family: The couple already has two adopted children

Pure bliss: They have taken to social media to share their happiness

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail