„Птицата со граната“ на Бенкси продадена за 170.000 евра

Pticata-so-granata-na-Benksi-prodadena-za-170.000-evra.jpg

„Птицата со граната“ на Бенкси продадена за 170.000 евра

Сликата на платно „Птица со граната“ на мистериозниот британски уличен уметник Бенкси е продадена на аукција во Холандија вчера, за 170.000 евра.

Како што соопшти аукциската куќа Хесинк во Ѕволе, делото од 2002 година, го купил неименуван холандски колекционер. Платното претходно беше во сопственост на колекционерот Џејми Вуд, син на гитаристот на „Ролинг стоунс“ – Рон Вуд.

Според фотографијата објавена од аукциската куќа, станува збор за слика на птица со граната во клунот. Уметничкото дело е насликано со нанесување боја со спреј.

Идентитетот на Бенкси останува непознат. Се знае само дека е од Бристол, југозападна Англија, и дека кон крајот на 1990-тите се преселил во Лондон. Славата ја стекна со општествено критички и претежно контроверзни графити кои се појавуваа без претходна најава. Меѓу неговите омилени теми беа бездомништвото, животот и потрошувачката, имигрантите, а сега и кризата со коронавирусот.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail