Пушењето предизвикува близу три милиони смртни случаи – На секои шест секунди во светот умира по еден пушач

pusac.jpg

Секоја минута во светот се палат речиси 11 милиони цигари, а десет пушачи умираат од оваа навика. Во истата таа минута тутунската индустрија заработува милиони. Триесет и први мај од страна на ОН е одреден за Светски ден на непушењето. Поради тоа, во продолжение, ова се неколку факти и бројки за пушењето во светски рамки:

На нашата планета, според анализите на Светската здравствена организација (СЗО), цигари пушат околу милијарда луѓе или седмина од светското население. Најмногу пушачи има во Кина, 315 милиони. Во оваа земја се пушат една третина од цигарите во светот.

Индонезија, пак, има највисок процент на пушачи. Во оваа земја пушат три четвртини од мажите на возраст над 15 години. Околу 80 отсто од пушачите во светот живеат во земји каде работниците остваруваат ниски и средни приходи.

Според една студија објавена минатата година, процентот на пушачи во светот е намален во последните 25 години.

Во деведесеттите години на минатиот век пушел секој трет маж и секоја дванесетта жена. Денес пушат секој четврти маж и секоја дваесетта жена.

Активното или пасивното пушење убиваат повеќе од седум милиони луѓе годишно. Во просек, еден пушач умира на секои шест секунди, според СЗО.

Ракот, срцевите и мозочни удари и белодробните заболувања се главни болести поврзани со тутунот. Според некои податоци, во 20 век повеќе луѓе починале од пушење отколку во Првата и Втората светска војна заедно.

Доколку во светот се одржи постојната стапка на консумација на тутун, во 21 век од пушење ќе умрат речиси една милијарда луѓе.

Магазинот „Табако контрол“ неодамна објави дека шест проценти од буџетот за здравство во светот и два проценти од глобалниот БДП се трошат за лекување болести поврзани со пушењето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail