Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека во иднина ќе биде можно генетско програмирање на човекот според одредени карактеристики, што според него е поопасно од нуклеарната бомба.
„Во иднина може да се создаде човек според одредени карактеристики. Тој може да биде генијален математичар или физичар или пак војник, кој ќе војува без да чувствува никаква болка, односно ќе биде без никакви чувства“ изјави Путин.
Рускиот лидер смета дека треба ефикасно и внимателно да се користи новата технологија. „Кога работиме на нешто ново, не треба да заборавиме на етичките и морални вредности. Тоа што го работиме треба да биде во корист на човекот, а не против него“, објаснил претседателот на Русија.