РАБОТА ОД ДОМА: Британците трошат повеќе на чаеви, кафе и бисквити

RABOTA-OD-DOMA-Britancite-troshat-povekje-na-chaevi-kafe-i-biskviti.jpg

РАБОТА ОД ДОМА: Британците трошат повеќе на чаеви, кафе и бисквити

Британските граѓани кои мораат да работат од дома поради епидемијата на Ковид-19, трошат милиони повеќе за набавка на чаеви, кафе и бисквити, покажа новото истражување на индустријата за супермаркети.

Податоците на компанијата Кантар покажаа дека Британците, во последните четири недели, потрошиле 24 милиони фунти повеќе на кафе и чај, а 19 милиони фунти повеќе на бисквити, во однос на истиот период минатата година.

Се наведува и дека побарувачката за чоколадите Линт, како и пијалакот Реми, се зголемила, односно продажбата е зголемена за околу 16,9 отсто во однос на истиот период лани. Се претпоставува дека главната причина за оваа зголемена потрошувачка е тоа што кафулињата, рестораните и баровите не работат.

Исто така, продажбата на алкохол е зголемена за 41 насто. Таков е случајот со коњакот Реми Мартин и румот Маунт гај, додека во некои други земји – напротив, значително се намалува.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail