Работа од соништата – цела година патувајте околу светот

03062017160258_web_patnici.jpg

Проектот „Светско животно искуство“ (Worls Life Experience – WLE) бара 12 лица што би сакале да ги споделат своите патувачки искуства и на тој начин да промовираат општествена одговорност.

Стекнувањето на ваквото животно искуство ќе се плаќа 2.500 евра месечно, стои на веб-страницата на проектот. Задача на избраните ќе биде да патуваат низ светот цела година, а сите трошоци за патувањето ќе им бидат покриени.

Планирано е шест жени и шест мажи на возраст од 20 до 35 години да посетат 40 земји во Европа, Азија, Америка и Океанија. Ќе патуваат во групи и ќе ги споделуваат своите искуства за секоја земја преку белешки и визуелан содржина на страницата на WLE и на социјалните мрежи.

Според описот на понудата, во фокусот на патниците ќе бидат културата, разонодата и општествената одговорност. Целта е да се истакне општествената одговорност со директни донации на глобалните невладини организации и со работа со локалните ентитети.

За да се пријавите, мора да го пополните формуларот на веб-страницата до 30 јуни. Групата ќе го почне патешествието од Лисабон, Португалија, на 15 септември годинава.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail