kruzer.jpg

Една од најголемите светски компании за крстарење, „Royal Caribbean“, бара лице кое ќе ги фотографира своите авантури низ светот и ќе ги објавува на својот профил на Инстаграм.

Ако постои работа од соништата, ова е сигурно многу блиску до тоа. Имено, минатата недела компанијата објави конкурс во кој бара среќник кој ќе посети голем број места ширум светот и сето тоа ќе го документира на социјалните мрежи – а притоа за тоа ќе зема одлична плата.

Ние бараме зависници од адреналин, кои не се само гладни за авантура, туку тие исто така можат да ги забележат сите посебни моменти и да ја раскажат својата приказна со едноставно објавување на социјалните мрежи, вели портпаролката на „Royal Caribbean“.

Една од задачите на личноста што ќе ја добие работата ќе биде посета на приватниот остров на оваа компанија кој е наречен „CocoCay“, како и да патува во Алјаска, Португалија, Норвешка, Дубаи, Јапонија… и за целото тоа време единствената негова задача ќе биде да се прават фотографии за на Инстаграм.

Неделната плата за оваа работа е 2.000 фунти (2.275 евра), а сите трошоци за транспорт, сместување и храна ќе бидат покриени од компанијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail