Работа од соништата – Се бара дегустатор на чоколадо

cokolado.jpg

Една од водечките компании за чоколадни производи во светот бара вработен кој ќе ги дегустрира нејзините производи и да ќе им дава проценки.

„Фирмата Mondelez“, која ја поседува „Milka“, „Cadbury’s“, „Oreo“ и др., сака да ангажира дегустатор на чоколадо, пишува The Daily Mail.

Човекот ќе треба да работи само седум и пол часа неделно меѓу вторниците и четвртоците. Од него ќе се бара да тестира чоколадо и други производи со какао, да го споделува своето мислење и да дава предлози за промени и подобрувања кои тим од специјалисти ќе ги дискутира понатаму.

Од компанијата додаваат дека не е задолжително кандидатите да имаат претходно искуство во оваа индустрија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail