Работа во странство – Црнчат за 500 евра по цел ден

portugal.jpg

Со право, смета социјалната работничка Тања Гереиро. Азиските земјоделски работници често работат во услови недостојни за човек, збуткани во контејнери или куќи кои се склони за уривање, неретко без струја, и вода.

„Ние сме во потрага за подобар живот“, вели Махендра Сапкота од продавницата во Сао Теотонијо. За да ги прехранат семејствата, азиските работници и многу можат да ризикуваат и да трпат: да речеме дека својата судбина ја стават во рацете на трговците со луѓе кои ги криумчарат до Португалија, како и фактот дека работата за која сонувале е многу полоша отколку што замислувале.

Махендра во Португалија дошол преку Данска пред четири години . Долго работел без документи, додека не добил дозвола за работа. „Таков е животот, што се може тука. Но сега ми е добро и сум среќен човек.“

Но повеќето Азијци во Алентејо не се. „Има денови кога 50 од нив доаѓаат кај мене на консултации“, вели социјалната работничка Герерио. Претходно донекаде успеваа да им се дадат саканите документи, но денес тоа стана многу тешко.

Португалската влада практично ја направи невозможна можноста на добивање легален статус. А тие се се побројни, бидејќи земјоделската индустрија во Алентејо се повеќе се развива. Португалија, освен тоа, има потреба од извоз во другите земји членки во ЕУ. Потребни и се девизи. Но без евтина работна сила од Азија тоа не оди. Се работи за круг пред кој властите затвораат очи.

Се додека на земјоделските фирми им требаат работници, а Португалците и граѓани на ЕУ не сакаат да работат за минимална плата од 500 евра месечно, Азијците и понатаму ќе доаѓаат, сигурна е Тања Гереиро. Она што нејзе и останува како можност е само спречување на најлошите случаи на експлоатација. Социјалната работничка резингирано заклучува: Во земјите од кои доаѓаат на тие луѓе им е уште полошо.

Тоа го потврдува и Махендра Сапкота и неговите пријатели. Тие стојат пред малата продавница која станала некој вид на собиралиште на Непалците во Сао Теотонијо и разговараат. „Луѓето во Португалија се љубезни, животот добар, а климата скоро како во Непал. Тоа е така-за подобар живот на нашите семјства мора да се жртвуваме“, раскажуваат тие. И воопшто не размислуваат за тоа дека со тоа всушност го туркаат португалскиот економски мотор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail