РАБОТАТА НА БРОД Е СТИМУЛИРАЧКА СРЕДИНА – КАКВА ШТО РЕТКО СЕ НАОЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Актуелноста на емисијата  подготвена од страна на Борко Наумовски „ Светски патник “ и натаму ја „бранува “ македонската јавност и тоа пред се младата популација која со воодушевување го гледа она низ што Борко поминал за време на двегодишното работење на неколку бродски компании.

Посебно воодушевувачки делува релаксираноста на луѓето со кои работи , со кои се дружи додека патува. Без зборови не оставаат местата што ни ги прикажува во емисијата кои изгледаат како рајска средина.

Нашите претходни видео прилози со Борко , предизвикаа интерес и кај нашата „публика“ – која редовно не следи на Facebook и дел од нив побараа да снимиме уште еден прилог со Борко .
Причината за оваа нова средба е тоа што дел од младите што не контактираа , ни изјавија дека прилозите снимени со Борко , за нив се многу инспиративни и поучни.

Денес го запрашавме Борко – ЗОШТО НА БРОД ?
Лесните одлуки во животот не носат кон тешка судбина, додека тешките одлуки во младоста ни носат подобра иднина за цел живот ….. Така и јас се најдов на брод ……. проследете го прилогот со Борко снимен пред еден од нашите бродови на Вардар во центарот на Скопје.

РАБОТАТА НА БРОД Е СТИМУЛИРАЧКА СРЕДИНА – КАКВА ШТО РЕТКО СЕ НАОЃА ВО МАКЕДОНИЈА
– Борко , нашиот македонски светски патник

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top