zena.jpg

Ву Јаџун своевремено работела во фабрика за 16 долари месечно, а денес е најбогатата жена на светот која сама го создала своето богатство. Според најновата листа на „Форбс“, Ву располага со богатство од 9,4 милијарди долари, што доаѓа од компанијата за недвижнини „Лонгфор пропертис“, која во 2017 остварила приход од 10,7 милијарди долари. Во ноември, Ву се повлече од функцијата претседател на компанијата и ги предаде своите акции на ќерка ѝ.

Ву е за три милијарди долари побогата од Дајен Хендрикс, најбогатата Американка која сама се збогатила. Севкупно, најбогатата жена на светот е Франсоаз Бетенкур-Мејерс, која вреди 49,3 милијарди долари, но таа е наследничка на козметичката империја „Л‘Ореал“.

Ву (55) не потекнува од богато семејство. По дипломирањето, се вработила како техничар во една државна компанија, кадешто четири години работела за 16 долари месечно. Потоа четири години била новинар во државна новинска агенција, а кога во 1993 се соочила со низа проблеми да си купи стан, се инспирирала да го почне она што ќе стане „Лонгфор пропертис“, продавајќи го својот прв станбен проект во 1997. „Лонгфор“ е една од првите компании која почнала да гради трговски центри во Кина.

И покрај разводот, таа продолжила да го зголемува своето богатство и во последните две години скокна од седмото на првото место на листата на „Форбс“, но јавноста и натаму не знае многу за неа.

„Јас не зборувам за мене, јас сум жена посветена на бизнис“, вели Ву.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail