Работи подобро од човек: Овој робот може да набере 25.000 малини на ден

malini.jpg

Овој робот е специјалист за берење на малини и во таа работа е два пати поуспешен од луѓето, бидејќи за еден ден може да набере 25.000 малини, додека човековиот максимум е 15.000 плодови.

Го осмислил професорот за роботика на Универзитот Плимут, Мартин Стелен, а проектот го развила компанијата “Флидворк Роботикс”. Роботот користи техники на машинско учење за да идентификува зрели малини и затоа ги користи своите камери и сензори.

Кога ќе пронајде добра малина за берење, неговите “раце” го фаќаат плодот и го берат, а потоа тој го става во корпа.

Технологијата за развој чинела речиси 900.000 долари и ќе чини уште повеќе бидејќи конструкторите имаат во план да развијат нови способности за овој успешен работник.

Според Андреј Џонсон, портпаролот на “Фронтиер ИП”, овој робот би можел да бере по една малина на секој десет секунди, и тоа 20 часа дневно.

Кога на роботот би му се додала уште една рака – на пример четири – резултатите би биле уште подобри.

Комерцијалното производство би требало да започне во 2020-та година. Засега не е познато колку ќе чини.

Бидејќи се покажал добро во берењето на малини, во тек е проширување на неговите можности на берење на домат и карфиол.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail