Работилница за вработување социјално ранливи лица

race.jpg

„Можности и предизвици за вработување на социјално ранливи лица“ е темата на тркалезната маса што денеска ја организираат Црвениот крст на Република Македонија и Занаетчиската комора на град Скопје.

Тркалезната маса е планирана во рамки на  проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на трудот”, чија цел е да придонесе кон зголемување на учеството на 40 лица во социјален ризик и лица кои се социјално исклучени на пазарот на труд со цел намалување на сиромаштијата.

На трибината ќе се обрати министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, шефот на Делегацијата на ЕУ во РМ, Самуел Жбогар, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и претседателот на занаетчиска комора на град Скопје Никола Петров.

Проектот е  финансиран од Европска Унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 – ИПА компонента.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail