РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ЗА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЗАШТИТА НА БРОДОВИ ШТО СЕ РЕНОВИРААТ

pozarrr.jpg

НОВО ОД КОУЗОН – РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ЗА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЗАШТИТА НА БРОДОВИ ШТО СЕ РЕНОВИРААТ

РАБОТНА ПОНУДА КОЈА ЈА ИМА САМО КОУЗОН

Од Ноември 2016 година , Коузон се вклучи во нов предизвик преку проект кој овозможува вработување на поголем број на лица од Балканските држави на реконструкција на големите бродови за крстарење.
Како лидер во вработувањето на лица за Cruises индустријата , логично беше да оформиме нови можности за младите од регионов.

За изненадување на многумина , новосоздадената работна позиција FIRE WATCHER предизвика голем интерес кај младата популација во Македонија .

Бенефитот од истата е огромен , ако се има во предвид дека се работи на атрактивни дестинации, ( Фреепорт – Бахамските острови , Марсеј – Франција, Мадеира- Португалија, Кадис- Шпанија , Саутхемптон – Англија , Ванкувер – Канада ) , кратки работни договори од по 20 до 30 работни дена , и солидната дневница за изведените работни активности.

Сите овие бенефити привлекоа голем број на млади лица од Македонија кои изминатиов викенд ( 10-11 Февруари ) во Скопје , беа дел од обука за 150 лица кои ќе бидат вклучени во нашите идните проекти кои ги реализираме во соработка со Fire Aid – UK.

Следниот проект треба да биде патување за Америка ( Лос Анџелес ) и Канада ( Ванкувер ), по што ќе следат многу други работни активности во Европа и другите пристаништа каде се реновираат бродови.
Како и за сите наши останати вработувања , во овој проект прифаќаме апликации на млади лица кои зборуваат англиски јазик и имаат желба за времено работно ангажирање.

Сите вие кои ќе искажете желба да аплицирате , можете да ни го испратите Вашето CV на info@kouzon.com.mk
Следат неколку фотографии од активностите од нашата последна обука за fire watch.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top