Работни позиции за кои според LinkedIn има најголема побарувачка

images-1.jpg

Дали сте еден од оние кои сакат да го променат работното место или пак целата индустрија? Она што прво треба да го направите е да се информирате за кои работни позиции постои најголема побарувачка на пазарот на трудот.

Социјалната мрежа LinkedIn спроведе анкета меѓу 4.000 работодавци низ светот со цел да открие какви луѓе, всушност, бараат овие работодавци.

Прочитајте кои 15 работни позиции работодавците сакаат да ги пополнат, како и за бројот на вработени кои им е потребен за задоволување на побарувачката на труд.

15. Консалтинг

Отворени работни позиции: 130.000+
Работни позиции: аналитичар асистент, консалтинг менаџер, Консалтинг директор
Компании: Dow Jones, Moody’s Analytics, IBM

14. Поддршка

Отворени работни позиции: 1 милион +
Работни позиции: специјалист за поддршка, декстоп поддршка, корисничка поддршка
Компании: Christie’s, NBC Universal Media LLC, Comcast

13. Проверка на квалитет

Отворени работни позиции: 80.000 +
Работни позиции: менаџер за проверка на квалитет, директор на проверка на квалитет, инженер за проверка на квалитет
Компании: Pret A Manger, JPMorgan Chase and Co., Adecco

12. Човечки ресурси

Отворени работни позиции: 100.000 +
Работни позиции: практикант за човечки ресурси, менаџер за човечки ресурси, специјалист за човечки ресурси
Компании: Dylan’s Candy Bar, Getty Images, US Court of Appeals

11. Сметководство

Отворени работни позиции: 160.000 +
Работни позиции: менаџер на сметководство, соработник за сметководство, сметководител сениор
Компании: Cantor Fitzgerald, Fannie Mae, Volkswagen

10. Производствен менаџмент

Отворени работни позиции: 35.000 +
Работни позиции: менаџер за производство, соработник за сметководство, сметководител сениор
Компании: Cantor Fitzgerald, Fannie Mae, Volkswagen

9. Финансии

Отворени работни позиции: 170.000 +
Работни позиции: финансиски аналитичар
Компании: Pfizer, ADP, Blackstone Group

8. Администрација

Отворени работни позиции: 250.000 +
Работни позиции: административен асистент, административен координатор, административен рецепционер
Компании: Tiffany and Co., AIG, Macy’s

7. Програмски и проектен менаџмент

Отворени работни позиции: 4.000 +
Работни позиции: проектен менаџер сениор, дигитален програмски и проектен менаџер, технички програмски менаџмент
Компании: The Estee Lauder Companies Inc., Johnson and Johnson, Adobe

6. Маркетинг

Отворени работни позиции: 390.000 +
Работни позиции: соработник за дигитален маркетинг, маркетинг практикант, маркетинг менаџер
Компании: BBC Worldwide, WebMD, The Wall Street Journal

5. Бизнис развој

Отворени работни позиции: 100.000 +
Работни позиции: менаџер за бизнис развој, извршен директор за бизнис развој, координатор за бизнис развој
Компании: Broadstreet, Axiom, American Express Global Business Travel

4. Информатичка технологија

Отворени работни позиции: 70.000и +
Работни позиции: директор за информатичка технологија, системски администратор, менаџер за информатичка технолгоија
Компании: BLucas Group, the National September 11 Memorial and Museum, Bloomberg LP

3. Инженеринг

Отворени работни позиции: 300.000 +
Работни позиции: проектен менаџер за инженеринг, потпретседател на инженеринг, софтверски инженер
Компании: Nestlé Purina North America, Whitepages, Philips

2. Оперативен сектор

Отворени работни позиции: 700.000 +
Работни позиции: директор на операции за клиенти, менаџер за операции, соработник за операции
Компании: The Atlantic Group, Time Inc., Chanel

1. Продажба

Отворени работни позиции: 1 милион +
Работни позиции: директор на продажба, асистент на продажба, менаџер на продажба
Компании: Scholastic, Macmillan Learning, London Stock Exchange Group

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail