RADIO GARDEN: Па може и нема подобра платформа за слушање радиостаници од светот

radio1.jpg

Дизајнирана од Studio Moniker од Амстердам, а развиена во холандискиот Институт за звук и визија, Radio Garden е меѓу најдобрите платформи за закачување на повеќето поголеми радио станици низ светот, барем од тие што досега сме ги пробале. Практично се работи за микс од Google Maps и музика, а зборуваме за луда селекција од радио фреквенции, макар доаѓале и од средина на океанот. Зборуваме за радио станици на Хонолулу на Хаваи, Исланд, Бермуда итн.

Апликацијата е страшно лесна за користење: Само го „скролате“ глобусот до посакуваниот дел на светот и избирате радио станица. Не само што ќе наидете буквално на што и да ви се слуша во моментот туку можете да видите и што слушаат Кинезите.

Фина финеса што ја забележавме е дека штом влезете на страната автоматски ја открива вашата локација и ви пушта локално радио.

Слушајте Radio Garden ТУКА.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail