Раководител на Кариерниот центар на Семос Едукација

semos-edukacija.png

Семос Едукација како прв и најголем центар за компјутерска обука во Македонија објавува оглас за следнава позиција:

 

Раководител на Кариерниот центар на Семос Едукација

 

Потребни квалификации:
•    Висока стручна подготовка (предност со Менаџмент на човечки ресурси, Педагогија или Психологија);
•    Минимум 3 години работно искуство во областа на развој на луѓе,  регрутација и селекција;
•    Задолжително познавање на англиски јазик (сертификат);
•    Задолжително познавање на ИТ област;
•    Задолжително поседување на MOS сертификат;
•    Предност имаат лицата со GCDF сертификат (Global Career Development Facilitator);
•    Возачка дозвола за Б категорија.

 

Личен профил:
•    Ориентираност кон резултати и постигнување на таргети;
•    Продажни вештини;
•    Способност за преговарање, убедливост и градење однос со клиенти;
•    Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време;
•    Професионален однос кон работни обврски;
•    Комуникациски вештини;
•    Ориентираност кон тимска работа;
•    Способност за конструктивно решавање на работни предизвици;
•    Способност за работа со различен тип на луѓе;
•    Аналитичност;
•    Иновативност и проактивност;
•    Ефективност и организираност.

 

Одговорности:
•    Врши продажба на услугите на Кариерниот центар;
•    Изготвува понуди за услуги;
•    Воспоставува контакт со компании кои се заинтересирани за услугите на Кариерниот Центар и го води процесот на реализација на услугата;
•    Ги следи побарувањата на пазарот на трудот;
•    Работи на развој и понуда на услугите на Кариерниот Центар;
•    Учествува во процесот на избор на кандидати согласно барањата на клиентите;
•    Помага на клиентите да ги откријат своите кариерни можности преку индивидуални и групни сесии;
•    Организира и реализира работилници во рамки на Кариерниот центар;
•    Изготвува извештаи.

 

Нудиме:
•    Основна плата со можност за бонуси;
•    Можност за напредување;
•    Постојана едукација, развој и надградување;
•    Мотивирачка работна средина и можност за тимска работа.

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV и мотивационо писмо на англиски јазик со назнака “Раководител на Кариерен центар“  најдоцна до 15.02.2017 година на следната маил адреса: [email protected]

 

Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Нецелосните апликации нема да бидат земени в предвид.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail