Распишан конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

zx-xc-scsdcsd.jpg

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга по седми пат распишаа конкурс за наградите „Крсте Чачански“ за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка.

Расказите, односно песните, како што соопшти денеска ревијата „Бранувања“ не треба да се претходно објавувани, секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови

Ракописите во четири примероци напишани во Times New Roman или Ariel со македонска поддршка треба да се испраќаат на адреса: „Бранувања“, улица „Нико Нестор“ број 22, 96330 Струга, со назнака конкурс за наградата „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2016 година, или по електронски пат на:

raskazchachanski@hotmail.com  zbirkakoteski@hotmail.com

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски и Васил

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail