98939178.jpg

Во организација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Народниот правобранител на Република Македонија денеска ќе се одржи стручна расправа на тема „Правото на образование во Република Македонија, неговото оставарување и заштита“.

Притоа, двете институции ќе потпишат и Меморандум за соработка со кој што се продолжува постојната долгогодишна соработка.

На стручната расправа поздравни обраќања ќе имаат деканот на Правниот факултет Горан Коевски и народниот правобранител Иџет Мемети, а дискусии на темата ќе имаат професорите Борче Давитковски, Ана Павловска Данева, како и заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.

извор: МИА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail