Расте бројот на жени иноватори

zena-inovator.png

Жени стојат зад речиси една третина од вкупно 224.000 барања за меѓународно признавање на патенти во 2017 година, што е значително повеќе отколку претходните години, објави Светската организација за интелектуална сопственост на Обединетите нации (WIPO).

Во текот на минатата деценија патентите кои се осмислени од жени изнесуваат само 23% од вкупниот број, пренесува Zimo. Обединетите нации го поздравија значителниот напредок на уделот на жените иноватори меѓу изумителите, но предупредија и дека разликата меѓу половите и понатаму е голема.

Првиот човек на WIPO, Франсис Гури, ги поздрави креативните, иновативни достигнувања на жените иноватори во целиот свет. Нагласи и дека меѓународните барања за пријавување на патенти се многу важно мерило за мерење на иновативните активности во современата глобална економија и дека е потребно да се оствари целосен паритет на жените и мажите на тоа поле.

Податоците на WIPO покажуваат дека Јужна Кореја е најдобра кога е во прашање рамноправноста на половите во иновациите, затоа што таму соодносот е 50% наспрема 50%. На второ место е Кина со сооднос од 48% наспрема 52%.

Во водечката земја според бројот на пријавени патенти жените се потпишани на 33% од пријавите. Гледано по индустрии, најголем процент на жени иноватори има на полето на биотехнологијата – 58%, а потоа следуваат фармацијата и хемијата. Најмалку жени иноватори има кај механиката – само 14%.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail