Растителен свет во една стаклена топка

rastenie_6.jpg

Иновативниот концепт на стаклена топка Globe во која се крие мини растителен свет, кој гарантирано привлекува внимание на набљудувачите.растение_5

Во прашање е сосема нова перспектива за гледање и чување на растенија. Всушност, тоа е рачно направена стаклена висечка топка виси во која се наоѓа мал растителен свет.растение_4

Зад овој атрактивен концепт стои студиото на дизајнерот Ричард Кларксон. Иако Globe е изворно осмислен како еден вид на терариум за папрат, мов и слично, дизајнерите наскоро откриле дека тој може да понуди и други дополнителни опции. Стаклената топка доаѓа во две големини и е достапна со или без ЛЕД осветлување.растение_3растение_2

Има речиси невидлив кабел за напојување, а целта на оваа приказна е секако вниманието на гледачот на детали внатре во топката.растение_1

Надвор од својата примарна функција,  Globe може да биде во функција на светлечко тело, но исто така и како сад што може да се наполни со вода, со цел да се создадат различни светлосни ефекти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail