Разговарате ли некогаш самите со себе? Си правите голема услуга!

profimedia-0004492737-640x379.jpg

Јазикот нам ни служи како алатка со чија помош се дистанцираме од сопствените искуства и објективно го прифаќаме светот.

Доколку си разговарате сами со себе, не само што не сте луди, туку и си правите услуга. Имено, научниците докажале дека таквиот разговор позитивно влијае на нашето однесување и размислување.

Кога разговараме сами со себе си, околностите веднаш ги согледуваме на објективен начин, но важно е и како разговараме – дали користиме мотивациски или инструкциски говор, и во кое лице се обраќаме самите на себе си, објаснува Етан Крос, Проф. по психологија на Универзитетот во Мичиген.

На пример, во едно истражување се вели дека кошаркарите брзо ја проследуваат топката додека на глас се мотивираат, додека во друго истражување, лицата кои разговарале самите со себе си и во себе, чувствувале помала доза на анксиозност кога себе си се обраќале во второ или трето лице,- “ти го можеш тоа” или “Јована тоа го може” – отколку во прво лице, “јас тоа го можам”.

Поентата е главно во самодистанцирањето, а Крос наведува пример на вообичаена ситуација, со цел да долови за што станува збор.

Потсетете се на времето кога со пријател сте разговарале за некој проблем. Како аутсајдер, релативно лесно е да ги советувате за таквите проблеми. Една од клучните причини е тоа што само индиректно сме вовлечени во таквите проблеми и затоа можеме јасно да размислуваме, бидејќи имаме дистанца од тоа искуство – објаснува Крос.

Значи, доколку самите на себе си се обраќаме во второ или трето лице, наместо во прво, тоа нам ни помага да ја согледаме ситуацијата од логична и објективна перспектива и сме се подалеку од емоционалната и пристрасна компонента.

Разговорот со себе си може да ни ги зголеми когнитивните способности во извршување на задачите. Досега кажаното е поткрепено со истражување. Научниците на своите испитаници им дале задача да ја пронајдат фотографираната банана меѓу 20 други фотографии. Оние кои гласно викнале “банана” пред да почнат да ја бараат биле побрзи и попрецизни.

Мотивационото извикување е најдобра алатка во задачи кои бараат брзина и моќ, како на пример во спортот, а инструкции се добри кога е потребен фокус, стратегија и техника.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail