Размислувањето на странски јазик го исцрпува мозокот?

mo.jpg

На секого кој некогаш научил странски јазик му е познато дека размислувањето на јазик различен од мaјчиниот бара одреден ментален напор. Ново истражување тврди дека размислувањето на странски јазик го исцрпува мозокот и ја намалува неговата способност да создава ментални слики.

Заклучокот од истражувањето, кое го извршиле психолози од Универзитет во Чикаго накратко гласи: „Нашите ментални слики се менуваат кога користиме странски јазик“.

Двајца научници направиле истражување на 359 лица на кои англискиот им е мајчин јазик, но исто така зборуваат и шпански. Од нив било побарано ментално да симулираат 35 сензорни искуства (замислување на одредени вкусови, чувства, материјали и ставови).

Секој од испитаниците потоа бил запрашан да одговори колку живописно било неговото искуство. Учесниците биле поделени во две групи, на едните упатствата им биле давани на англиски, додека на други на шпански јазик.

Во шест, од вкупно осум категории, учесниците кои задачата ја извршувале на другиот јазик кој го знаеле, односно не на мајчиниот, се изјаснувале дека нивните ментални слики се помалку живописни, во однос на оние кои задачите кои ги извршувале на својот мајчин јазик.

Од група од 307 луѓе, на кои мајчиниот јазик им бил кинески, а течно зборуваат и англиски, било побарано да решат тест со зборови кој бара визуализација. Најпрво, на пример, им кажувале зборови како „морков“, пенкало“, или „печурка“, а потоа ги прашувале кој од тие поими има поинаков облик.

На половината од нив им биле дадени зборови на кинески, а на другата половина на англиски јазик. Оние кои го користеле својот втор јазик имале полоши резултати, во однос на оние кои го користеле мајчиниот.

Истражувањето покажува дека мозокот повеќе се исцрпува кога е принуден да мисли на јазик кој не е мајчиниот, односно многу е потешко да создадеме слика за нешто од минатото и тоа да го искажеме на странски јазик, отколку на мајчин.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top