Разотркриена загатката околу судбината на легендарниот дијамант кој носи несреќа

1481500407-kohinoor-1.jpg

Шкотскиот историчар Вилијам Далримпл и новинарката Анита Ананд напишаа книга посветена на еден од најпознатите дијамант во светот – “Кохинор”. Историчарот е убеден дека приказната за тоа како скапоцениот камен е подарен на британската круна од Махараџата Ранјит Синг се јавува како измислица, пишува ТАСС

Книгата ги одделува фактите од фикција за судбината на дијамнтот. Авторите тврдат дека Синг не можел дијамантот да го подари бидејќи во моментот кога Британците кога наводно го добиле каменот махараџата бил мртов. Колонизаторите едноставно го заплени каменот од неговиот наследник Дулип Синг во 1849 година.

Врховниот суд на Индија во 2016 година побара негово враќање во земјата. Судот одлучи дека барањето не може да биде реализирано бидејќи Британија добила каменот како подарок. “Книгата може да ја измени ситуацијата”, уверен е Далримпл.

Каменот е стар повеќе од 5 илјади години велат митовите, како и тоа дека се тврди дека тој носи несреќа на своите сопственици.

Никогаш не бил продаван за пари. Во многувековната историја се испреплетуваат човечки судбини, војни, пријателства и љубов. Во 1911 година бил поставен на британската круна и веќе повеќе од 100 години тој е британски симбол на власта.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail