Развоен проектант

nlb.png
НЛБ Банка вработува „Развоен проектант” во Сектор за информатичка технологија 
Ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиенти, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба, соработка и почит мегу членовите на тимот и соработниците се основни начела и вредности на нашето работење/делување.
Доколку ги споделувате/се препознавате во овие вредности ви нудиме работа во динамично опкружување со бројни можности за обука и професионален развој во нашиот Сектор за информатичка технологија на позицијата: „Развоен проектант“.
Работната позиција ви нуди можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на  ИТ технологијата.
Во продолжение е описот на работното место, за кое покрај техничките вештини потребни се и основни „софт“ вештини за комуникација со интерни деловни корисници:

Опис на работното  место:
  • Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
  • Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите;
  • Менторство, советување и поддршка на корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи;
  • Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
  • Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
  • Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија;
  • Менторство и пренос на знаења;
  • Учество во проектни групи.
Потребни минимум квалификации, вештини и способности: 
  • Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
  • Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Познавање на системи за управување со бази на податоци;
  • Аналитичиност, конструктивност и истрајност во изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).
Заинтересираните своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк заклучно со 16 јануари 2017 година со избирање „Развоен проектант во Сектор за ИТ“ во полето оглас за кој се пријавувате.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail