1.jpg

На 31.05.2019 година, студентите од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ реализираа практична настава по предметот Форензична психологија во КПУ Затвор Куманово (с. Кшање).

Во рамки на посетата студентите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на затворот, со затворскиот персонал, со професионалните тимови вклучени во различни сектори, и со работата на психологот и неговите активности во оваа установа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail