Речиси половина од луѓето веруваат во вонземјани

VONZEMJANI.jpg

Речиси 50 проценти од луѓето веруваат во постоење на вонземски живот и сакаат да воспостават контакт со нив. Ова го покажува студија спроведена во 24 земји, која според авторите, делумна ја објанува и популарноста на сагата „Војна на ѕвездите”, и 40 години по објавувањето на првиот филм од серијалот.

Во пресрет на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“, истражувачите објавија анкета која покажа дека 47 отсто од над 26.000 испитаници веруваат во „постоење на интелигентни вонземски цивилизации во универзумот“.

Покрај тоа, 61 отсто позитивно одговориле на прашањето дали веруваат во постоење на некоја форма на живот на други планети.

Околу една четвртина од испитаниците веруваат дека освен Земјата, не постојат интелигентни суштества на друго место, наведуваат истражителите од „Глосалитис“. Меѓу оние кои веруваат дека не сме сами во универзумот, 60 проценти велат дека треба да воспоставиме контакт со вонземјаните.

– Високиот процент на луѓе кои веруваат во постоењето на интелигентни вонземски цивилизации делумно ја објаснуваат огромната популарност на научно-фантастичните филмови, како што се „Војна на ѕвездите“ – вели истражувачот Мартин Ламперт.

Најмногу „верници“ во вонземски цивилизации има во Русија – 68 проценти. Веднаш зад неа се Мексико и Кина, додека Холанѓаните се меѓу скептиците, со само 28 отсто кои веруваат во вонземски живот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail