koli.jpeg

Сопствениците на хрватската компанија „Гигант“ која се занимава со ПВЦ столарија, им доделија автомобили smart на најлојалните работници кои работат за претпријатието од нејзиното основање пред 20 години.

– Нашата цел е да им помогнеме на нашите вработени да остварат добри деловни резултати и позиционирање на пазарот. Некои од нив се со нас веќе 20 години, кога почнавме со производство на ПВЦ столарија – објасни сопственикот Владимир Ќурковиќ (50), а истото го потврди и неговата пет гопдини помлада сопруга Ксенија.

Двојката како клуч за успех и развојот на претпријатието гледаат во своите работници кои од нив ги примаат своите месечни плати.

– Ова е на некој начин награда за лојалноста и довербата што ја покажуваме меѓусебно. Без меѓусебно почитување, не би стигнале до каде сме денес – вели сопругата Ќуриќ.

Според неа, целта е сите да го почувствуваат напредокот.

“Тешко е да се најде добар работодавач, а тешко е да се најде и добар работник. Нашата компанија вработува 17 лица и ние сме како големо семејство. Често се среќаваме, славиме родендени, годишнини, но тука сме и кога некој ќе доживее несреќа. Поголемиот дел од денот го поминуваме заедно, и кога некој ќе влезе во компанијата, тој не излегува до пензија – објаснува Владимир.

Тој тврди дека работниците не се должни да останат кај него и не се обврзани со автомобилите, бидејќи секој има право на избор.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail