Редовно ажурирана мапа со лозинки од Wi-Fi мрежите на аеродромите во целиот свет

mapaaaa.jpg

Еден од најголемите проблеми, во време на мобилни уреди, при чекањето на аеродромите, е неможноста да се дојде до добра интернет конекција за „тепање“ на времето до летот. На некои аеродроми тоа не е проблем, меѓутоа не е ретко да се има проблем со сигналот, а добрите мрежи да имаат лозинка.

Блогерот и инженер за компјутерска безбедност Анил Полат има направено база од аеродромите во светот со нивните Wi-Fi мрежи, а за тие кои немаат слободна мрежа или истата не е баш најдобра, се ставени заштитените мрежи со нивните лозинки.

Оваа база дополнително вклучува и информација за тоа во кој дел од аеродромот може да се очекува најдобар сигнал од мрежата, па патниците не мора да шетаат неодредено барајќи ја таа точка.

Базата составена од аеродромските Wi-Fi мрежи е корисно објавена на Google Maps, со што се олеснува пребарувањето на истата.

Од нашата земјата ставен е само аеродромот во Скопје, за којшто е истакнато дека има отворена мрежа.

За поедноставно пребарување од мобилните уреди, достапни се и мобилни апликации на iOS и Android, а истите чинат 2 долари, што не е скапо за некој којшто често патува и би му биле корисни.

Анил Полат истакнува дека мапата редовно ја ажурира, па корисниците може да бидат сигурни дека лозинките и мрежите ќе бидат точни, односно ќе може да се поврзат на нив.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail