РЕК Битола и Факултетот за биотехнички науки, член на битолскиот Универзитет, потпишаа Меморандум за соработка со што се овозможува меѓусебна научна, техничка, образовна и апликативна соработка.
Во рамки на соработката, потписниците ќе организираат и реализираат практична настава на студентите од Факултетот за биотехнички науки во РЕК Битола, заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер, консултации и експертизи, размена на искуства, организирање на курсеви и обуки од страна на Факултетот.
АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола и Факултетот за биотехнички науки во иднина ќе ја разгледаат можноста и за стипендирање на студенти од факултетот, се посочува во соопштението до јавноста.
Како што е познато, државни електрани секоја година доделува по 25 нови стипендии на студенти од шест државни факултети во земјава и интенција на АД ЕСМ е динамизирање на соработката во научно – техничката сфера со партнерите, како и постојано зголемување на поддршката за студентите и наставно – научните установи во државата.