Рекреативците на УГД учествуваа на „Трка на поезијата“ во Струга

1-6.jpg

Над илјада учесници ги исполнија улиците на Струга на второто издание на Трка на поезијата. Трката се одржа во неделата, 22 мај, на 10 и 5 километри, како и детска трка на која учествуваа 120 дечиња.

Претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“, организирани преку Спортскиот и културен центар, и на оваа трка го продолжија континуитетот на учества на вакви настани. Следниот предизвик е традиционалното учество на Wizz air маратонот во Скопје.

На 10-километарската трка победници се балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски во машка и Билјана Кираџиева во женска конкуренција. Втори на целта беа Атанас Анчевски и Билјана Ристиќ, додека третото место во оваа категорија им припадна на Димитар Петровски и Весна Кираџиева. На петкилометарската трка најбрз од мажите беше Кристијан Наумовски, а во женска конкуренција Мери Шешо. Второто место им припадна на Григоријан Никовски и Билјана Сивева, а трети беа Стојче Петровски и Бојана Наумовска.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail