Ректоратот на УГД најдобро украсен јавен објект

ce0f211149265ed894355b162072b232_XL.jpg

Зградата на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и годинава го доби признанието за најдобро декориран јавен објект за Нова година. Традиционално ова признание го доделува Општина Штип. Признанието од страна на градоначалникот го прими Дијана Насева, претставник на УГД.

Зградата на Ректоратот веќе четврта година по ред го добива ова признание од страна на Општина Штип која препознава дека УГД игра улога и во збогатување на убавиот изглед на градот Штип во текот на новогодишните празници.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail