Ректорот Беџети го потпиша договорот за грант Еразмус + за академската 2020-21 година

Rektorot-Bedzeti-go-potpisha-dogovorot-za-grant-Erazmus-za-akademskata-2020-21-godina.png

Ректорот Беџети го потпиша договорот за грант Еразмус + за академската 2020-21 година

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и вршителот на должноста директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денес (23. декември 2020 година), во Скопје потпишаа Договор за Еразмус + за академската 2020-21 година за размена на студенти и академски и административен кадар.

Потпишувањето на овој договор се случи во рамките на Националната конференција, што се одржа денес во Скопје, во организација на Националната агенција за европски студиски програми и мобилност.

На оваа конференција беа презентирани резултатите од програмата „Еразмус“ за периодот 2014-2020 година и новините за новата програмска шема за годините 2021-2027 година, што предвидува вкупен буџет од околу 28 милијарди евра.

Ректорот Беџети, за време на конференцијата, истакна дека треба да се направат напори овие средства да се искористат максимално, потврдувајќи дека УЈИЕ е подготвен да се соочи со барањата и глобалните трендови на меѓународното образование.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail