Ректорот Беџети на прес-конференцијата: УЈИЕ е единствен во земјава и во регионов со зголемување на бројот на запишани студенти

Rektorot-Bedzeti-na-pres-konferencijata-UJIE-e-edinstven-vo-zemjava-i-vo-regionov-so-zgolemuvanje-na-brojot-na-zapishani-studenti.png

Ректорот Беџети на прес-конференцијата: УЈИЕ е единствен во земјава и во регионов со зголемување на бројот на запишани студенти

Универзитетот на Југоисточна Европа успешно ја заокружи оваа календарска година и покрај многуте предизвици, особено здравствените. Ова јавно го изјави ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, на традиционалната средба на крајот на годината со новинарите која се одржа денеска (24.12.2020год.) и на која присуствуваше целото раководство, проректорите проф. д-р Бесник Фетаи, проф. д-р Адриан Бесими, проф. д-р Беса Арифи, како и генералниот секретар д-р Џеваир Мемеди и советникот за квалитет проф. д-р Вероника Карева.

„Ние сме единствените во земјава веројатно и во регионов што во академската 2020-20-21 година, бележиме пораст на вкупниот број на запишани студенти, иако зголемувањето е симболично 2-3% но многу е важно бидејќи е во период кога сите трендови се во опаѓање, како демографските така и зголемувањето на имиграцијата и зголемувањето на преференциите за студирање во странство. Оваа година запишавме 1015 студенти и одбивме 89 апликации за докторски студии “, истакна ректорот Беџети.

Ректорот Беџети се заблагодари на академскиот и на административниот кадар, кој покажа посветеност и професионализам за успешно да ја заокружиме изминатата академска година во услови на пандемија со вирусот Ковид – 19. Пандемијата докажа дека Универзитетот на Југоисточна Европа со академските, инфраструктурните и кадровските капацитети многу брзо се прилагодија на новосоздадените услови и веднаш се префрлија од настава со физичко присуство на он-лајн настава.

„Минатата година успешно ја завршивме академската година, а оваа година успешно ја реализиравме хибридната настава, каде 80% од студентите следеа настава со физичко присуство и само 20% студираа онлајн, во реално време. „Ова покажува дека Универзитетот промовира успешни модели кои се тешко достапни и од познати меѓународни универзитети“, рече ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Друг важен аспект што ја карактеризираше оваа година е тоа што имаме ново управување со Одборот на универзитетот, го избравме новиот претседател на Одборот, Клаус Тотерман, кој доаѓа од Универзитетот во Кил во Германија. Исто така, покрај претседателот на Одборот, има и нова структура на членството а оваа година исто така ја одобривме новата Универзитетска стратегија 2021-25, која ја објавивме на веб-страницата и е достапна за сите.

„Несомнено пандемијата влијаеше на опаѓање на научната продуктивност и имавме намален број на научни конференции и учество на нашиот кадар на овие конференции, но повторно ова намалување е 20-25%. Сепак, она што не радува е огромниот напредок со учество во научни проекти. Во моментов, Универзитетот учествува во 15 меѓународни и локални проекти и сето тоа благодарение на посветеноста на мотивираниот кадар со меѓународна експертиза“, рече ректорот Беџети пред новинарите.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail