Ректорот Беџети оствари средба со професорката Скорфилд Мек Лаклан од Универзитетот во Јужна Флорида

picture1764.png

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, денес (11. декември 2018 година), оствари официјална средба со д-р Џудитан Скорфилд Мек Лаклан, професорка во Универзитетот „Санкт Петерсбург“ во Јужна Флорида и меѓународен член на Одборот на Универзитетот.

Покрај развојните аспекти на Универзитетот, на оваа средба се дискутираа и формите и програмите за конкретна соработка со Универзитетот од каде што таа доаѓа покрај универзитетите со кои УЈИЕ соработува уште од основањето.

Особено се истакна потребата за соработка во размената на академскиот кадар и соработката во други научни и професионални проекти.

На средбата учествуваше и проректорката за меѓународна соработка и за истражување, проф. д-р Беса Арифи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail