Ректорот Боев прими Благодарница за успешна соработка со МАНУ

5b196d4f61e1107a52f84e930c6b5cc0_XL.jpg

Македонската академија на науките и уметностите одбележa јубилеј 50 години од формирањето – МАНУ е основана на 23 февруари 1967 година, а нејзин прв претседател беше Блаже Конески.

На свечената академија што се одржa по тој повод се обратиja претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

Во рамките на одбележувањето, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити, му додели Благодарница на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за долгогодишната плодна и успешна соработка. Благодарницата ја прими ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top