Ректорот на УЈИЕ Абдулменаф Беџети беше избран за надворешен член на Косовската академија на науки и уметности

Rektorot-na-UJIE-Abdulmenaf-Bedzeti-beshe-izbran-za-nadvoreshen-chlen-na-Kosovskata-akademija-na-nauki-i-umetnosti.png

Ректорот на УЈИЕ Абдулменаф Беџети беше избран за надворешен член на Косовската академија на науки и уметности

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во Изборното собрание на Косовската академија на науки и уметности (КАНУ), беше избран за надворешен член.

„Косовската академија на науки и уметности на 22. декември 2020 година на своето Изборно собрание избра нови редовни, дописни и надворешни членови“, се забележува во соопштението на КАНУ.

Ректорот Беџети го смета неговиот избор во Косовската академија на науки и уметности како признание за неговата академска и научна работа и за неговиот придонес во многу области, особено во областа на економијата и во унапредувањето на соработката меѓу академските институции на Косово и на Северна Македонија.

Покрај ректорот Беџети, за надворешни членови се избрани и Брајан Д. Џозеф и Ирена Савичка.

Линк за објавата на КАНУ: https://www.ashak.org/?cid=1,2,820

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail