Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети во посета на УЈИЕ

picture1742.png

Во среда, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети оствари средба со ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети.

Во текот на состанокот беа разгледани многу прашања за високото образование, главно во насока на продлабочување на меѓусебната академска соработка. Ректорите дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат овие две високообразовни институции и разменија искуства во однос на достигнувањата и имплементацијата на меѓународните стандарди во наставата. Ректорот Беџети го информираше својот колега за развојните планови и цели на Универзитетот кои оваа институција сака да ги достигне. Академик Беџети му се заблагодари на ректорот на Универзитетот во Тетово за колаборативната поддршка, како и за подарокот – амблемот на основање на Универзитетот во Тетово.

Ова беше прва официјална средба меѓу двата ректора, по изборот на академик Абдулменаф Беџети за ректор на УЈИЕ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail