Ректорот Велимир Стојковски со отворено писмо до сенаторите

velimir-stojkovski.jpg

По отвореното писмо што осум членови од Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  го испратија  до ректорот во заминување, Велимир Стојковски, потсетувајќи го дека и по две недели се уште не е свикана вонредна седница на Сенатот за разгледување на случувањата со  контроверзните студентски избори, се огласи ректорот.

Возвраќајќи им со писмо, тој тврди дека зад  досписот  не бил потпишан ниту еден сенатор, туку било само испратено од еден сенатор и ги негира обвинувањата на негова адреса.

„Согласно деловникот за работа на Сенатот, нема услови за одржување на вонредна седница на Универзитетскиот сенат. Уште еднаш потсетувам, дека ректорската управа на Универзитетот донесе заклучоци за решавање на проблемот, кои беа доставени до сите сенатори. До денес, овие заклучоци се подржани од 41 Сенатор, имајќи предвид дека еден дел од сенаторите се на годишен одмор“ , пишува Стојковски.

Претходно, до него со  отворено писмо се обратија  осум сенатори кои меѓудругото напишаа дека рекотрот го крши статутот на УКИМ и го одзема  правото на сенаторите да го искажат својот став, а на Сенатот да се произнесе во врска со актулените прашања  на Универзитетот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.