Репортажа на Би-Би-Си за Охридско Езеро (ВИДЕО)

20170207-britanski-telegraph-go-smesti-ohrid-megju-najubavite-gradovi-vo-evropa-m.jpg

„Античката историја скриена во најстарото езеро во Европа“ е насловот на видео, репортажата што ја објави Би-Би-Си вчера на својата веб-страница во рамки на т.н. Травел шоу.

– Ова е најстарото езеро во Европа. И средината околу него е стара, исто така. Дури и Охрид бил град уште во времето на таткото на Александар Македонски, Филип, во четвриот век пред Христа – вели авторката на почетокот од репортажата.

Токму историјата, нагласува, е причината поради која туристите сакаат да доѓаат во Охрид.

Нејзиниот соговорник, Јован Стојаноски, туристички превезувач со кајче, истакнува дека токму античкото наследство и традицијата се најпривлечни за посетителите.

Цела репортажа може да се погледне ТУКА 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail