Републички литературен детски фестивал „Ракатки“

rakotvorbi.gif

Во Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш, денеска и утре, ќе се одржи 13. Републички литературен детски фестивал „Ракатки“.

Фестивалскиот одбор на „Ракатки“ по распишаниот конкурс за најдобри литертатурни творби од ученици од основните училишта во земјава, од голем број пристигнати творби селектира триесетина кои ќе учествуваат на средбите во Радовиш.

На годинашниот фестивал со свои творби, поезија и проза ќе настапат наградените учесници. На младите литерати ќе им бидат врачени дипломи и награди. На приредбата ќе учествуваат и повеќе млади музичари и писатели за деца и млади.

Фестивалот, како што е најавено, ќе го отвори Сашко Николов, градоначалник на Општина Радовиш.

Манифестација во текот на своето постоење се одржува, главно, во Скопје, а одредени години ја прифаќаат и други градови од државата. Годинашен покровител на фестивалот е Општина Радовиш.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail