Решена голема мистерија: Што крие ѓаволскиот котел?

Водопадите наречени Ѓаволски котел, или “Devils Kettle” во Минесота, со години ги бунат посетителите – текот на двата водопади е целосно различен – едниот паѓа во река, додека другиот оди меѓу карпи и исчезнува.

Хидролозите сега мислат дека ја решиле тајната. Имено, водопадите се наоѓаат во државниот парк над езерото Супериор, на реката Бруле. Реката се дели на два водопади, бидејќи се наоѓа на нанос на вулкански карпи, тврди како гранит. Источниот водопад паѓа во река, но западниот исчезнува во дупка во карпите. Доколку фрлите нешто во таа дупка, и чекате да видите дали ќе излезе во реката, ќе останете разочарани.

Петер Мот, управник на државниот парк, рекол дека тоа поттикнало разни шпекулации за тоа каде би можела водата да “исчезнува”. Најчесто се сметало дека водата по подземен пат доаѓа до езерото Супериор. Но, ниеден GPS локатор фрлен во дупката во која исчезнува водопадот, не се појавил во езерото.

Истражувањето на хидролозите сега е кончено, и изгледа, ја разрешиле тајната. Минатата есен утврдиле дека под земјата тече еднаква количина на вода како и на површината. Според нивното размислување, западниот водопад всушност исчезнува во подземна река која го продолжува својот тек под надземната.

За да бидат сосема сигурни, научниците од универзитетот Минесота планираат во водопадот да стават биоразградива флуоресцентна боја, и да следат дали ќе се појави во текот на надземната река. Доколку нема боја, нивната теорија ќе биде потврдена.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail