Решена мистеријата на Големата пирамида во Гиза: Археолози открија како е изградено најстарото светско чудо (ВИДЕО)

pir.jpg

Археолози открија нови докази кои откриваат како е изградено најстарото светско чудо, Кеопсовата пирамида во Гиза, јавуваат агенциите.

Доказите покажуваат дека античките Египќани ја изградиле Големата пирамида пренесувајќи 170.000 тони варовник со бродови. Досега беше познато дека каменот бил пренесуван од Тура, оддалечен околу 13 километри, а гранитните блокови за внатрешните комори биле вадени од 860 километри оддалечениот Асуан.

Археолозите досега не се согласуваа околу тоа на кој начин материјалот за изградба на пирамидата бил пренесуван во Гиза, но сега откриле парче папирус, дрвен брод и докази за мрежа на вештачки пловни канали, кои докажуваат дека го пренесувале по реката Нил.

Камените блокови од 2,5 тони биле превезувани по специјалните водени канали до пристаниште оддалечено само неколку метри од темелите на Големата пирамида. Пронајдениот папирус е првиот директен запис за начинот на изградбата на пирамидата, а го потпишал надзорникот на градителите Мерер, кој детално опишал како материјалот бил превезуван од Тура во Гиза.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail