Решена вечната дилема: Што е постаро, кокошката или јајцето?

kokm.jpg

Што настанало прво – кокошката или јајцето? Ова прашање е едно од најчестите поставувани низ историјата, а луѓето често го одбираат одговорот „јајце“, со аргумент дека на тој начин уште диносаурусите доаѓале на свет.

Сепак, научници од Универзитетот Шефилд и Универзитетот Ворвик имаат поинаков одговор.

Нивно истражување покажало дека лушпата од јајце може да се создаде само од протеин кој се произведува во јајцата од кокошки, што значи дека кокошката морала да постои пред јајцето.

Тој протеин се вика OC-17 и дејствува како катализатор кој го забрзува развојот на лушпата, а тврда лушпа е неопходна за заштита на жолчката во која се развива пилето.

Научниците користеле суперкомпјутер HECToR, за да ја зумираат внатрешноста на јајцето и да го следат неговиот развој.

Тие откриле дека протеинот OC-17 е клучен за поттикнување на кристализација во раните стадиуми од развојот на лушпата, така што калциум карбонатот се претвора во кристали калцит, кои ја сочинуваат лушпата.

Кристалите калците можат да се најдат во коските и оклопите на разни животни, но кај кокошките се создаваат многу побргу во однос на било која друга врста.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top