Решение за финансирање на надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година

mon.jpg

Конкурс за заеднички македонско – австриски научно-истражувачки проекти за периодот 2022 – 2023 година

Врз основа на член 55 став 1 и од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010, 51/2011 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ број 46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/2015, 30/2016 и 53/2016 година) член 6 од Правилникот за остварување на правото за еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средства за објавување на трудови („Службен весник на Република Македонија“ бр.102/2018), Извештајот од работа на Комисијата за разгледување на барањата по Јавниот повик за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови бр.15-4476/4 од 29.10.2020 година за давање предлог на Министерката,  а согласно Финансискиот план на Министерството за образование и наука за 2020 година, Министерката за образование и наука, донесе

РЕШЕНИЕ

За финансирање на надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година

  1. Со ова Решение се прифаќаат следните барања за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година на пријавените автори дадени во табеларниот приказ:
АВТОРИ/БАРАЊА КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА НАДОМЕСТ
БрАвторНаслов на трудотСписаниеФактор на влијаниеГод.ПодносителАрхивски бројОдобрени средства
1.        Снежана Јованова Митковска Имплементирање на Бреин Брејк  во училница и ефектите врз ставовите за физичката активност во училиштата во МакедонијаМеѓународно списание за истражување на околината и јавното здравје2,4682018  Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“Штип15-9639/1 од 30.08.201921.200,00 денари
2.      Билјана Попеска Имплементирање на Бреин Брејк  во училница и ефектите врз ставовите за физичката активност во училиштата во МакедонијаМеѓународно списание за истражување на околината и јавното здравје2,4682018  Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип15-9638/1 од 30.08.201921.200,00 денари
3.      Билјана КузмановскаАнтагонистична активност на Trichoderma asperellum и Trichoderma harzianum против генетски различни изолати од Botrytis cinerea izolatesЧилеанско списание за истражување во земјоделието0,7752018Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“15-4592/1 од 15.04.201934.190,00 денари
4.      Валентина ТофилоскаПоврзаноста на нивото на естрадиол во серум и обезноста со појавата на ендометријално крварење кај жени во постменопаузаОтворен пристап: Македонско списание за медицински науки 2019Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“,15-6590/1 од 12.06.201912.240,00 денари
5.      Митко МладеновNt-proBNP дискриминаторна улога меѓу симптоматските и асимптоматските пациенти со тешка валвуларна аортна стенозаПрилози (Македонска академија на науките и уметностите, одделение за медицински науки)0,542018Природно математички факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“15-5528/1 од 14.05.201915.500,00 денари
6.      Јасмина Делчева ДиздаревиќМетодот на глобално читање од интердисциплинарна перспективаИнтернационално списание за когнитивни истражувања во науката, инженерството и образованиетоSCOPUS2018Филозофски факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“15-4031/1 од 01.04.20193.100,00 денари
7.      Даниела Колтовска НечовскаКреирање на инфраструктура за урбана мобилност: Студија на случај град СкопјеСобраќај-Собраќај и транспорт0,4562018Технички факултет- Универзитет „Свети Климент Охридски“15-3975/1 од  29.03.201917.932,00 денари
8.      Владимир МијаковскиТехно-економска анализа на ветерниот парк Богданци во Р. МакедонијаНаука за термиката1,4332018Технички факултет-Универзитет „Свети Климент Охридски“15-5732/1 од 20.05.201911.300,00 денари
9.      Валентина ТофилоскаПоврзаноста на дебелината на ендометриумот со ризикот за ендометријален малигнитет кај пациентки во постменопаузаОтворен пристап: Македонско списание за медицински науки 2018Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“15-10576/1 од 16.09.201918.600,00 денари
10.    Весна РафајловскаВоведување на растителни масла во подготовката на липозоми со кетоконазол со примена на тенко-филмен хидрацион методФармација1,5272019Технолошко-металуршки факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“15-2089/1 од 05.02.202012.360,00 денари

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Согласно член 5 од Правилникот за остварување на прaвото на еднократна награда за објавување на научен труд за надомест на средства за објавување на трудови („Службен весник на Република Македонија“ бр.102/2018) објавен е Јавен повик за надомест на средства платени за објавување на научни трудови број 15-3480/3 од 18.03.2019 година. Согласно член 6 став 1 од Правилникот, со Решение од Министерката формирана е Комисија за избор на кандидати кои конкурирале за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus со број 15-4476/2 од 16.10.2020 година. 

Во периодот 26.10.2020-27.10.2020 година, Комисијата за реализација на Јавниот повик за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови ги разгледа пристигнатите барања за надомест на средства платени за објавување на научен труд во списанија со фактор на влијание реферирани во базите на Web of Science или Scopus за 2018, 2019 и 2020 година. Комисијата, по разгледувањето на документацијата, констатира дека за период од 19.03.2019 година заклучно со 27.10.2020 година на Јавниот повик се поднесени 15 барања од страна на субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност. При поединечното разгледување на пријавите Комисијата заклучи дека сите барања се доставени во рок согласно точка 2 од Јавниот повик, член 5 став 1 и член 7 став 2 од Правилникот за остварување на правото на еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средствата платени за објавување на трудови. При подробното разгледување на целосната документација, Комисијата утврди дека 10 пријавени субјекти/автори (барања) целосно ги исполнуваат условите и критериумите согласно Јавниот повик. Врз основа на Извештајот од трочлена Комисија број 15-4476/4 од 29.10.2020 година, формирана од Министерката за исполнетост на условите од член 5 од Правилникот, Министерката донесува Решение за одобрување на надомест на средствата платени за објавување на трудови.

Според горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.

Извор: МОН

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail