zagatka.jpg

Откако оваа загатка беше објавена на Твитер, таа стана вирален хит и го остави целиот виртуелен свет со прашалници во глава. Станува збор за слика со мрежа од цевки и резервоари кои водат до 4 различни шолји за кафе означени со бројки 4, 9, 5 и 7. Над целиот систем од цевки и шолји може да видите рака како држи кафемат полн со кафе. Раката го истура кафето во резервоарот што се наоѓа на врвот од целиот систем. Прашањето е: Која шолја прва ќе се наполни со кафе?

Твитерџиите се обидуваа да одговорат на овој твит и нивните одговори многу се разликуваат едни од други. Дали имате идеја како да ја решите оваа загатка. Доколку не можете да се сетите, погледнете го одговорот кој е многу поедноставен одошто мислите!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail